Home Спорт Карикатура на Серена Вилијамс го шокира светот (фото)

Карикатура на Серена Вилијамс го шокира светот (фото)

Инцидентот кој го направи Серена Вилијамс во финалето на УС Опен се уште е главна тема во спортските медиуми.

Серена во финалето загуби од Јапонката Наоми Осака, но мечот го одбележа инцидентот кој Американката го имаше со судијата Алберто Рамос.

Серена го нарече судијата „крадец“, па беше казнета со губење на гемот, што на крајот ја чинеше титула во УС Опен.

Тој инцидент ја подели тениската јавност, некои застанаа на страната на Вилијамс, а многумина ја осудија.

Во јавност се појави и нејзина карикатура на која Серена е прикажана како скока над рекетот, а судијата на нејзината сопарничка и вели: „Можиш да ја пуштиш да победи?“

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…