Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Џонатан Рид: Пропаднато поколение/Надеж постои
Јас сум дел од пропаднато поколение
И одбивам да верувам дека
Можам да го променам светот.
Сфаќам дека тоа можеби ве шокира, но
„Среќата е во нас“ – о, да!
Најобична е лага тоа.
„Парите на човека му носат среќа“ –
А на триесет години на синот ќе му речам
Дека не ми е тој најважен во животот мој.
Шефот мој нека знае
Мојот принцип гласи:
Работното место
Понекогаш е поважно отколку
Семејството.
Чујте:
Уште од дамни времиња
Луѓето живеат во семејства
Но сега
Светот се менува и нема да е ко некогаш.
Експертите ми велат:
За триесет години ќе славам десетгодишнина од развод.
Не верувам дека
Ќе живеам во земја која сам ќе ја створам.
Во иднина
Уништувањето на природата ќе стане норма.
Никој не верува дека
Ќе ја сочуваме нашата планета.
И секако
Мојата генерација е изгубена.
Глупаво е да се мисли дека
Постои надеж.
А сега прочитајте ја истата одоздола нагоре. Оваа песна е напишана во „бел стих“ и се чита и одозгора надолу и одздола нагоре, како симболика на двата спротивставени погледи на светот. Одберете сами.