Паркер ја допре круната на Сонцето


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Соларната сонда Паркер на НАСА стана првото вселенско летало што влезе во сончевата атмосфера, објави американската вселенска агенција.

Сондата прелетала низ сончевата круна, горниот слој на атмосферата на нашата ѕвезда, собирајќи честички и податоци за магнетните полиња, соопшти НАСА, нарекувајќи ја пресвртницата „џиновски скок за соларната наука“.

„Ова е монументален момент за соларната наука и навистина извонреден подвиг“, рече Томас Зурбухен од канцеларијата за научни мисии на НАСА.

Во својот следен прелет, кој се очекува во јануари следната година, вселенското летало Паркер најверојатно повторно ќе помине низ круната на сонцето, соопшти НАСА.