Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Интер синоќа загуби на гостувањето кај Џенова, а еден од најдобрите фудбалери на теренот секако беше нашиот репрезентативец Горан Пандев.
Пандев постигна гол, но не го прослави од почит кон поранешниот клуб, а после мечот изјави дека секогаш ќе му биде благодарен на Интер.
„Цел живот ќе му бидам благодарен на Интер. Но, овој меч Џенова едноставно мораше да победи, одигравме одлично, како што Балардини го подготвуваше дуелот и заслужено стигнавме до бодовите. Се надевам дека Интер ќе се пласира во Лигата на шампионите, имаат одличен тим, тие се голем клуб и заслужуваат пласман меѓу елитата“, истакна Пандев.
На социјалните мрежи фановите на Интер уште еднаш му се заблагодарија на Македонецот за почитта која ја покажал кон нивниот клуб.