Пандев до Ангеловски: „Шефе, благодарам е малку да ти кажам“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската фудбалска и спортска легенда Горан Пандев преку социјалните мрежи со емотивна порака му се заблагодари на селекторот Ангеловски за историскиот успех и пласманот на ЕУРО.

Ангеловски успеа да го убеди Пандев да се врати во репрезентацијата, а двајцата беа најважни алки во историскиот успех и пласманот на ЕУРО.

Пандев се прости од репрезентацијата, а Ангеловски заминува откако го одработи договорот.

„20.10.2015 првпат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот… ги паметам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Макаедонија да се пласира на Европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе благодарам е малку да ти кажам, вие го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Горан Пандев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)