Како Русите го избркаа британскиот воен брод „Дифендер“ од водите кај Крим (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дописникот за Би-би-си Џонатан Бил, кој се наоѓаше на палубата на разурнувачот „Дифендер“ за време на вчерашниот инцидент покрај бреговите на Крим подготви репортажа за случајот.

На почетокот може да се види дека членовите на екипажот ги полнат артилериските орудија и ракетните системи на бродот. Потоа во кадарот се појавува руски патролен брод кој го брка британскиот разурнувач. Во еден момент тој му се приближува максимално блиску, пренесува Русија Бијонд на македонски.

Јасно се гледа како покрај разурнувачот летаат бомбардери Су-24. Еден од морнарите признава во разговор со дописникот дека авионите изгледаат заканувачки. Во репортажата го има и обраќањето на руските граничари до екипажот на англиски јазик. Тие инсистираат да се напушти зоната и предупредуваат дека во спротивно ќе отворат оган.

Значајно е тоа што морнарите веднаш потоа ставаат бели маски и ракавици, или како што ги нарекуваат во британската морнарица – Protective Face Shield FROG (заштитни огноотпорни маски). Тие се користат во случај на опасност од пожар на пловилото.