Maкедонскиот репрезентативец Влатко Стојановски по завршувањето на Европското првенство се врати во Македонска Каменица, а таму ги израдува младите фудбалери од матичниот клуб. Стојновски донираше опрема за генерациите од 2009 до 2015 во клубот каде и тој ги имаше своите почетоци. Од клубот секако испратија голема благодарност до Стојановски.
Браво Влатко: Стојановски не заборава каде ги имал фудбалските почетоци – донираше опрема за матичниот клуб