Home Актуелно Заев за твитот на кој реагираше Грција: Згрешив што напишав така, имам 46 години, се прават грешки

Заев за твитот на кој реагираше Грција: Згрешив што напишав така, имам 46 години, се прават грешки

Македонскиот премиер Зоран Заев вчера на Скопскиот економски форум рече дека направил грешка кога кажал „македонската репрезентација“ бидејќи како што рече, тоа е во спротивност со Преспанскиот договор.

– Секогаш праќам пријателски пораки, верувам во Преспанскиот договор, го направив заедно со пријателот Алексис Ципрас и јас сум првиот што го следи, некогаш се случува да направам грешка, имам 46 години, се случува да го спомнам тоа во една реченица и да го повторам некогаш – рече Заев.

Портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони вчера реагираше на твитот на премиерот Зоран Заев поради тоа што тој ја користи придавката „македонски национален фудбалски тим“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…