Температури и над 40 целзиусови – Македонија влегува во портокалова фаза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, четврток, 24 јуни, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 Целзиусов степен. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

Надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.