Home Вебкафе Натали Портман го покажа трудничкото стомаче и ги разнежни обожавателите: „Ги одбројувам деновите“

Натали Портман го покажа трудничкото стомаче и ги разнежни обожавателите: „Ги одбројувам деновите“

Натали Портман го очекува своето трето дете, а сега првпат покажа како изгледа во бременоста. Актерката на Инстаграм објави нежна фотографија која веднаш го привлече вниманието на јавноста.

На фотографијата 45-годишната актерка позира во широка кошула, а јасно се гледа нејзиниот заоблен стомак. Покрај фотографијата напиша: „Ги одбројувам деновите до нашата средба.“

Портман ја потврди веста за бременоста во април, кога зборуваше за приновата со францускиот продуцент Танги Детабло. Тогаш истакна колку е свесна за среќата што повторно ќе стане мајка.

Од претходниот брак со кореографот Бенџамин Милпје, Портман има син Алеф и ќерка Амалија. Нивниот брак заврши во 2024 година, по 12 години заеднички живот.

Новата фотографија претставува и своевиден пресврт во однос на периодот по разводот, кога актерката главно го држеше својот приватен живот подалеку од јавноста. Сега, со една едноставна фотографија, реши да сподели еден од најинтимните моменти во својот живот.

А судејќи според нејзината порака, големата средба е сè поблиску.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 работи што треба да ги направите пред да заврши летото

За жал, летото за повеќето од нас не трае цела година. Пред нас се есенските денови, но сè…