Ламбда мутираниот сој на коронавирусот забрзано се шири во Јужна Америка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека германските научници предупредуваат на опасностите од делта мутираниот сој на коронавирусот, следната варијанта на вирусот, ламбда мутациајта веќе се шири забрзано, особено во Јужна Америка?

Вирусот Ц37 , варијанта од Андите или едноставно ламбда. Можно е името на оваа мутација на коронавирус наскоро да се најде на насловните страници низ целиот свет. Пред една недела, Светската здравствена организација го класифицираше овој вид во категоријата за набљудување , затоа што доведувал до чести инфекции и се појавил истовремено во неколку земји. Поточно, 29 од нив, од кои седум се земји од Латинска Америка: Бразил, Колумбија, Еквадор, Мексико, Аргентина, Перу и Чиле, пишува ДВ.

Варијантата ламбда првпат се појавила во август 2020 година во Перу. Скоро една година подоцна, таа мутација доминира таму со 82 проценти. Во Чиле, овој сој ја предизвикува секоја трета инфекција.

Хаиро Мендез-Рико, експерт за вирусни заболувања во Светската здравствена организација, изјавил за ДВ: “Досега нема индикации за агресивно однесување на варијантата ламбда. Иако постои можност за поголема стапка на инфекција, сепак немаме докажано истражување за споредување на делта со овој сој на вирусот “.

Варијантите гама и делта припаѓаат, како и претходните алфа и бета варијанти, на загрижувачките соеви (VOC, Variants of Concern). Докажано е дека се повеќе заразни, потешко се контролираат и доведуваат до сериозни болести.

Хаиро Мендез-Рико вели дека вакцината е ефикасен лек против мутантните соеви: “Сите одобрени вакцини се генерално ефикасни против сите варијанти на корона во оптек ширум светот. Нема причина да се претпоставува дека тоа не е случај со ламбда соевите”.

Дали ламбдата е само почеток? Многу научници тврдат дека пандемијата ќе заврши само кога ќе се вакцинираат 80 проценти од светската популација. Дотогаш, може да се појавуваат нови варијанти на вирусот цело време. Мендез-Рико, сепак, уверува: “Додека постои оваа можност, во моментов нема индикации дека овие варијанти се поопасни или доведуваат до зголемена смртност. Коронавирусот веројатно ќе стане заразен во својот еволутивен процес, но не и поштетен за домаќинот “.

Пабло Цукајама е познат соговорник кога станува збор за ламбда-вирусот. Тој перуански микробиолог, со неговиот тим од Универзитетот Кајетано Хередија во Лима, ја открил оваа варијанта во неговата татковина. Тој вели: “Во декември имавме само 200 инфекции со ламбда. На крајот на март половина од сите нови инфекции во Лима беа од овој сој, а сега, три месеци подоцна, тоа се 80 проценти во целата земја. Ламбда стана доминантниот вид за многу кратко време во Перу “.

Затоа, таа варијанта ги потисна сите други што звучат опасно. Па дури и гама варијантата од Бразил. Покрај тоа, Цукајама потсетува дека новата варијанта нашла идеални почетни услови во неговата земја: “Ние сме земјата што го помина најлошото во пандемија, имаме 187,000 смртни случаи и највисока стапка на смртност во светот. Затоа, не е ни чудо што тука се појави новата варијанта “.

Исклучително заразната варијанта B.1.621 се појавила во Колумбија. Преоптоварените здравствени системи, голем дел од населението кои работат како неосигурани работници кои не можат да се придржуваат до мерките ако сакаат економски да преживеат, недостаток на вакцини – сето ова е идеална мешавина за варијантите како ламбда.

„Над 60 проценти од населението во Чиле е вакцинирано, но таа земја е исклучок на континентот“, вели перуанскиот научник и додава: „Многу е веројатно дека новите мутации на вирусот ќе се појават за време во јужноамериканската зима, меѓу јули и септември, со трет бран. “.