По пауза од една година поради пандемијата, претстојниот викенд продолжува традицијата на одржување на прочуената културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. Манифестацијата се одржува секоја година на Петровден во селото Галичник. Богата е со многу единствени свадбарски обичаи и ритуали. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. На годинешното 47 издание од оваа автентична манифестација, …