Која козметика не смее да се користи во лето


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


За здрава, блескава кожа, каква што сите посакуваме, задолжително е да знаеме дека под точка СЕКАКО козметичките производи треба да се менуваат според временските услови.

Сечија кожа во лето е помасна, шминката ни се топи, кожата за огромен процент е подложна на мозолчиња, хидратацијата во зима може да биде преголема, а лошиот заштитен фактор може дополнително да ги комплицира работите.

Една од поголемите дилеми на секоја жена, со сигурност е кој дел од својата козметика треба да го избегнува додека е на летен одмор а воедно и во текот на целото лето. За полесно да ја спакувате летната козметичка торба, ќе ви помогнеме кои производи дефинитивно треба да ги избегнувате, заедно со состојки како што се минерални масла, силикони и нафта (бидејќи тие ги затвораат порите).

Петте производи за убавина што треба да се избегнуваат во текот на летото се:

Течна пудра со силно покритие
НИКАКО! Летниот период и тешките пудри се во вечен конфликт. Покривањето на недостатоците со тешки пудри само ќе направи да се чувствувате полошо. Колку и да мислите дека покриваат, ќе се растечат, размастат и како мислите дека тоа би делувало на вашата кожа, воедно како и би изгледало. Ако веќе не можете без шминка, што е многу малку веројатно затоа што нема ништо поубаво од исончана и добро третирана женска кожа, BB или CC кремите се одличен избор, навлажнувачи со додадена боја, темели на база на вода или темели на база на прав кои можат да апсорбираат вишок маснотии и пот се идеални за ова.

Било какви масла и „тешки” креми
Хидратацијата е неопходна во секое време од годината, особено во лето, но има неколку различни производи за хидратација. Во зима треба да користиме хидратантни креми кои содржат омекнувачи за да го спречат губењето на влага од кожата но овие состојки во лето ја прават кожата помрсна и со тоа се задушуваат порите, што е катастрофално за вашата кожа. Најдобра замена е хидратантна крема со многу лесна текстура која е слична на гел, како и интензивно хидрирачки серуми и дневни бустери.

Мрсна крема со заштитен фактор
Да за кремите со заштитен фактор но само за тие што се во вид на минерални креми за сончање, формулирани специјално за мрсна или чувствителна кожа.

Тешки маски
Во лето користете лесни текстури со алое и хијалуронска киселина за хидратација, а најдобриот вид маски за честа употреба во текот на летото се оние кои длабоко ја чистат кожата, со тоа ќе го зајакнете сјајот на кожата и ќе остане блескава во текот на целото лето без страв дека ќе повлечете погрешен потег.