Home Актуелно Објавени првите 30 кандидати и кандидатки за градоначалници од СДСМ

Објавени првите 30 кандидати и кандидатки за градоначалници од СДСМ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев влера на прес конференција ги објави дел од кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори.

Тој истакна дека поднесени биле 630 кандидатури за градоначалници и 5000 кандидати за советници. Потврди дека Петре Шилегов пак ќе се трка за главниот град.

Перо Костадинов – Валандово
Миликие Халими – Арачиново
Благојче Шапов – Богданци
Зоран Зимбаков – Босилово
Велимир Смилевски – Бутел
Марјан Јанев – Василево
Сашо Јанковски – Вевчани
Ивица Димитров – Виница
Роберт Бешовски – Градско
Горан Трајковски – Делчево
Лазе Петров – Демир Капија
Анго Ангов – Дојран
Борче Гиевски за Зелениково
Јордан Насев – Карбинци
Филип Темелковски – Кисела Вода
Благојче Илиев – Конче
Томе Христовски – Крушево
Аце Велковски – Лозово
Медат Куртовски – Маврово и Ростуше
Љубе Кузмановски – Новаци
Костадин Ѓорѓиевски – Охрид
Елизабета Зелениковска – Петровец
Славчо Пандурски – Пехчево
Драган Анастасов – Пробиштип
Живко Гошаревски – Ресен
Стојан Николов – Росоман
Жаклина Јовановска – Старо Нагоричане
Горан Стојановски – Чашка
Сашко Николов – Штип
Петре Шилегов – Град Скопје

Заев рече дека сите имиња ќе бидат познати до крајот на август, бидејќи за некои општини внатрепартиските процедури за избор сѐ уште се во тек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…