Бесими: Ќе има поскапување на струјата додека не се изгласа законот за намалување на ДДВ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека не се изласа законот со кој ДДВ ќе се намали од 18 на 5 проценти, актуелната законска стапка од 18 проценти ќе се пресметува во сметките за струја, дециден е министерот за финансии Фатмир Бесими.

Ова всушност значи дека сите што ќе добијат сметки за струја во која влегуваат и денови од јули, ќе имаат значително зголемување на сметката, иако намалувањето на данокот требаше да го искомпензира скокот на цената на струјата.

„Во прашање се денови, или недели додека се изглaса новото законско решение со намален данок. Што побрзо се изгласа, тоа ќе биде подобро за граѓаните“, изјави Бесими.

ЕВН веќе ги подготвува сметките со скалести датуми, како што практикуваше и досега.