Нобеловата награда за литература оваа година му припадна на Абдулразак Гурнах, по потекло од Занзибар, а кој од крајот на 60-те години живее во Велика Британија. Во своите дела тој „бескомпромисно и со емпатија ги претставува последиците на колонијализмот и судбината на бегалците, кои мораа да го премостуваат огромниот јаз меѓу културите и континентите”, стои во образложението на Шведската академија …