Го приведоа во Аеродром (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полицијата го привела Ш.Л. од Скопје, за кого информираа дека имал здравствени проблеми, и му ја одзела играчката пластичен пиштол со кој се шеташе низ скопската населба Аеродром и ги загрижило и исплашило дел од жителите кои го виделе.

– Денеска, околу 09.20 часот полициски службеници од Полициска станица Аеродром, постапувајќи по претходна пријава, во трговски центар на подрачјето на Аеродром го затекнале Ш.Л.(19) од Скопје, лице со здравствени проблеми, кој носел пластичен пиштол (играчка). Од страна на полициските службеници, пиштолот и футролата му биле одземени – информираат од МВР.

Жители на Аеродром кои го виделе момчето со пиштол утрово се исплашиле. На социјалните мрежи беше објавено видео од момчето.