Продолжува црниот тренд на отпуштања на работници во текстилната индустрија


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поради Ковид-19 пандемијата која лани го тресеше светот, во Македонија без работа останаа речиси 7.000 текстилни работници. Тој црн тренд продолжува и оваа година, покажуваат најновите анализи на Невладината ЗМАИ. Најмногу на удар се работниците со договори на определено работно време. Зголемениот број на отпуштени работници во текстилната индустрија, говори дека во овој сектор мора да има трансформирање.

„Текстилната индустрија имаа потреба и поддржка од страна на државата , но и од целиот систем се со цел да можеме да бидеме што е можно поконкурентни имајќи предвид дека нашата текстилна индустрија пред се работи и е зависна од нарачките од странство“, изјави Виктор Митевски од НВО ЗМАИ.

Формирање на текстилни задруги е еден од формите за спас на работниците кои не можат да дојдат до работа или останале без работа.

„Многу е корисно бидејќи може да се вработат работнички кои имаат или немаат искуство, како и работнички кои се социјални случаи“, рече Соња Стојадоновиќ, експерт за текстилни задруги.

Според последните анализи за година и половина околу 12.000 работници само од „Гласен текстилец“ побарале правна помош поради нарушување на работничките права, а во државата 7000 текстилни работници останале без работа.