Првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, во своето гостување на ТВ21 посочи дека пратениците од неговата партија ќе бидат конструктивни, најавувајќи дека е можно да преминат во редовите на владејачкото мнозинство, доколку имаат „силна потврда“ дека земјава во скоро време ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. На директното прашање дали Алтернатива ќе остане во опозиција …