Касами: Убеден сум дека видеото од Реџепи е направено под присила, ќе го пријавам во полиција како исчезнат


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами вечерва по објавувањето на видеото на Кастриот Реџепи, изјави дека е убеден дека видеото е направено под присила. Тој вечерва пред Парламентот рече дека се грижи за безбедноста на пратеникот.

– Веруваме и убедени сме дека ова видео е направено под присила бидејќи е направено во моментот кога јас одам во полиција да пријавам. Ако пратеникот бил слободен доброволно на некоја позиција требало да ги информираат органите на редот, а не мене да ми кажуваат од полиција дека „ да, знаеме каде е пратеникот“, нагласи Касами.

Тој ги замоли институциите да ја информираат јавноста каде е пратеникот и дали е здрав и жив.

– Властите треба да ни кажат дека пратеникот е здрав и жив заедно со неговото семејство. Во ситуација кога јас одам заедно со членови на семејството да го пријавам за исчезнат заедно со неговото блиско семејство излегува ова видео. Затоа ние дополнително се сомневаме дека оваа ситуација е исценирана, истакна Касами.