Новите анти-ковид мерки кои ги воведува грчката влада, а на сила стапуваат од утре вкучуваат: Силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето; задолжителна маска и на отворено и на затворено; задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз; откажување на сите јавни собири за празниците; силна препорака за тестирање пред празничните собири. …