Крај на една ера – Њујорк ги испрати телефонските говорници во историјата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њујоршките власти ги отстранија речиси сите градски телефонски говорници, со тоа означувајќи го крајот на една ера откако во последниве години сеприсутноста на бесплатниот интернет и паметните телефони ги направија целосно бескорисни овие јавни објекти.

Фановите на филмскиот хит за херојот Супермен сепак може да здивнат, Менхетен ќе задржи четири телефонски говорници на горната западна страна.

Телефонските говорници во Њујорк се познати и како импровизирани соблекувални на новинарот Кларк Кент додека тој се трансформираше во мегапопуларниот херој Супермен или „Човек од челик“.

Тие ќе бидат зачувани како историски примероци. Според локалните медиуми, Менхетен ќе чува четири „старомодни“ телефонски говорници на Апер Вест Сајд и Вест Енд авенијата на улиците 66, 90, 100 и 101.

Со децении, телефонските говорници се појавуваат во поп културата, од стрипови до холивудски блокбастери и ТВ емисии. Меѓутоа, таа ера заврши на почетокот на неделава, кога пред претставниците на медиумите градоначалникот на Менхетен Марк Левин присуствуваше на демонтирањето на последните две говорници на аголот на 7-та авенија и 50-та улица, кои потоа беа натоварени во камион.

Левин на Твитер напиша дека „сè уште почувствувал навестување на носталгија кога видел дека звучниците влегуваат во историјата“.