Нови цени на горивата од полноќ


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 23.05.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и изнесува 54,640 ден/кг.

Од 31.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)