Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, многу веројатно ќе биде единствен кандидат (за реизбор на функцијата) на партискиот конгрес в недела во Скопје. Рокот за кандидирање на конгресот истекува в сабота, а засега се уште нема најави за можни противкандидати на досегашниот лидер, кој во изминатите четири години се соочуваше со чести барања за оставка од сопартијците, по внатрепартискиот раскол …