ЕСМ повторно не достави понуда за снабдување на домаќинствата со електрична енергија – пропадна четвртиот тендер за ЕВН Хоум


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Откако денеска ЕСМ повторно не достави понуда за електрична енергија за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи, пропадна и четвртиот тендер на ЕВН Хоум.

На третиот тендер ЕСМ не се јави бидејќи немаше оформено цена која ќе ја понуди, но Владата во вторникот на затворена седница донесе одлука за висината на цената, па сега проблемот се јави во времетрањето на тендерот.

Одлуката од Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја е за период од шест месеци, а тендерот на ЕВН Хоум е за 12-месечен период. Како дошло до ова несогласување објаснување нема.

Неофицијално проблемот е и што ЕСМ нема обезедено доволно струја со која би асе покртиле 100 отсто од потребите на граѓаните и малите потрошувачи за сите 12 месеци.

Според информациите на ТЕЛМА, следниот тендер ќе се одржи на 14 декември и ќе се однесува за период од шест месеци.

А колку ќе поскапи струјата прецизен одговор нема. Министерот за економија секојдневно продолжува со лицитациите со проценти, вчера најави дека нема да биде поголемо од 10 отсто без да прецизира дали тоа е одлуката на Владата.

Претседателот на регулаторната комисија, Марко Бислимовски, очекува до крајот на месецот до нив да бидат доставени барањата за промени на цените и од први јануари да се пресметува новата цена при читањето на броилата. Тој смета дека доколку ЕСМ успее да испорача 100 отсто од бараната струја ќе се избегне увоз од слободниот пазар каде цените се неколкукратно повисоки.

Со законот за енрегетика ЕСМ мора да да испорача најмалку 60 отсто. Ако тие 40 отсто мора да се набават на слободниот псазар каде сега е 300 евра за мегават час, тоа ќе донесе сериозен притисок врз цената на електричаната енергија и ќе придонесе за драматично зголемување. Оваа стратегија на Владата е одлична бидејќи му наложува на ЕСМ да обезбеди 100 отсто и со тоа да се избегне увоз или да се сведе увозот на миниум со што се намалува притисокот врз цената на струјата

Во моментов на берзите цената на мегават струја е рекордни 340 евра.

Со активирањето на Осломеј и враѓањето во функција на второпт блок во РЕК БИтола, државните лектрани успеаа да го подигнат производството до речиси 10 илјади мегавати дневно со што се покрива малку повќе е од половина од вкупната побарувачка за струја во државата.

Според најавиоте ТЕЦ Неготино треба да почне со производтсвото наредната недела а неговиот капацитет е 180 мегавати на час.