Утрово во 8.01 часот земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала повторно ги вознемири битолчани. За разлика од синоќешните земјотреси со епицентар кај Лерин и кон границата со Македонија, утринскиот земјотрес бил со епицентар на 15 километри југоисточно од Битола. Општина Битола денеска одржува итна седница на која се расправа за штетите предизвикани од синоќешниот земјотрес со сила …