Судот во Мелбурн пресуди во корист на Ѓоковиќ – поништена одлуката за укинување на неговата виза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралискиот суд во Мелбурн го одби укинувањето на визата на прворангираниот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и нареди негово ослободување од притвор.

Австралиските адвокати пак изјавија дека австралиската владасе уште може да нареди депортирање на српскиот тенисер. Судот донесе донесе одлука Новак Ѓоковиќ да биде ослободен од имиграцискиот притвор, оценувајќи дека одлуката на владата да му ја одземе визата за влез во земјата на тениската ѕвезда е „неразумна“.

Судијата Ентони Кели нареди Ѓоковиќ да биде ослободен во рок од 30 минути и да му бидат вратени пасошот и другите патни исправи, со што повторно се разгоре шансата на светскиот рекет број еден да ја освои рекордната 21. Грен слем титула на претстојниот Австралија опен.

Откако беше приведен прво на аеродромот, а потоа и во хотел во Мелбурн, првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше на распитот кој почна по полноќ по средноевропско време. Рочиштетото се одржуваше на далечина, односно во просторијата бил само судијата, додека останатите на видео врска.

Адвокатот на Ѓоковиќ Ник Вуд за време на презентацијата изјави дека патната декларација на тенисерот ја пополнил неговиот агент пред да пристигне во Австралија. Во барањето за вакцинација, Вуд изјави дека Ѓоковиќ рекол дека не може да се вакцинира од здравствени причини. Кога побарале да обезбеди докази, Ѓоковиќ доставил документ за изземање што го добил од Тенискиот сојуз на Австралија. Судијата Ентони Кели изјави дека професорите и квалификуваните лекари му дале на жалителот медицинско ослободување. „Што повеќе можеше да направи овој човек? – праша судијата Кели.