Американската администрација на претседателот Џозеф Бајден подготвува околу 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина и би можела да ја објави уште денеска, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со ова прашање. Бајден би можел да ја одобри помошта користејќи претседателско овластување што овозможува брза испорака на вишок оружје од американските резерви до странски земји или организации во итен …