САД подготвуваат нова воена помош за Киев од 800 милиони долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската администрација на претседателот Џозеф Бајден подготвува околу 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина и би можела да ја објави уште денеска, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со ова прашање.

Бајден би можел да ја одобри помошта користејќи претседателско овластување што овозможува брза испорака на вишок оружје од американските резерви до странски земји или организации во итен случај, изјавија изворите за британската агенција.

Откако руските војници ја преминаа украинската граница во февруари во, како што вели Москва, „специјална воена операција“, конфликтот прерасна во сеопфатна војна која се водеше првенствено на истокот и југот на Украина, за време на која Вашингтон испрати милијарди долари на владата во Киев.