ВМРО-ДПМНЕ: Пари за луксуз власта има, а за Охридски маратон нема, ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков ќе го организираат маратонот

Се што фатија СДСМ се уништија. Секоја традиција поврзана со државата и историјата на државата, па макар било и спортска традиција неспособната власт се обидува да ја уништи.

Со години СДСМ и Пендаровски, Охридскиот маратон го уништувале, за да оваа година стават печат на згаснувањето на 60 годишна спортска традиција за Охрид, но и Македонија. Со години како организатори, но и покровители СДСМ и Пендаровски не ги исплаќале наградите и наградниот фонд на учесниците. Срамота и брука, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека плашејќи се да не бидат поврзани со поддршка на било каква македонска традиција или некоја манифестација, без тронка срам се откажаа од оваа меѓународна манифестација, која ја промовираше државата во европски, но и светски рамки. Пари за партиски забави како онаа за Рамковниот договор има, пари за луксуз на министрите на СДСМ и ДУИ има, пари за нови автомобили на министрите има, ама пари за организирање на Охридски маратон оваа криминална власт нема.

Власта соочена со гневот и критиката на охриѓани, но и на сите граѓани проба да спаси нешто кое се обиде да го уништи. Прочитана книга се, СДСМ и Ковачевски знаат само да уништуваат и крадат. ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, нема да дозволат да згасне оваа спортска манифестација.

Со сите расположливи средства, но и со мотив за продолжување на традицијата стара 60 години, општина Охрид ќе го организира овој маратон. ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Пецаков, уште еднаш покажаа дека знаат како да работат и како се почитува традицијата на Македонија. Охридски пливачки маратон и оваа година ќе има, се вели во соопштението.