Алесандра Амбросио пристигна во Белград, ужива во ноќниот живот (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светскиот топ-модел неколку дена уживаше во убавините на Јадранот на црногорското крајбрежје со децата, а сега е во Белград, каде го искусува ноќниот живот на Балканот.

Алесандра Амбросио изминатиот период престојуваше во Црна Гора, заедно со децата и пријатели, од каде објавуваше фотки во бикини на некои од најубавите плажи.

Моментално, бразилскиот модел е во Белград, каде освен што шета низ прекрасната српска престолнина со децата, по малку ужива и во ноќниот живот кој го нуди овој град.

Вчера познатиот поранешен ангел на „Викторија Сикрет“, прошета по Кнез Михајлова, а се запозна и со знаменитостите на белградската престолнина, па очекувано нејзината појава предизвика огромно внимание меѓу белграѓани.