Непосредно пред последните локални избори, во невообичаено експресна постапка, градоначалникот на општината Маврово Ростуше Медат Куртовски ја потпиша документацијата за изградба на уште една повеќекатница во село Маврово, на самиот пат во близина на училиштето. Месната заедница Маврово реагираше на ова, се работи за нелегална постапка, велат тие, и на градоначалникот му дадоа рок од седум дена да ја поништи …