На планината Плачковица пронајдено мртво машко тело


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера околу 15 часот во полициската станица Радовиш лицето З.Н. од истоимениот град пријавило дека на планина Плачковица, на местото „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, Радовишко, забележал човечки труп, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според информациите од полицијата, трупот подолго време бил на местото каде е пронајден. Бил лоциран на тешко пристапен планински предел, во длабок дол.

Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот е предаден на обдукција