Освен сини ознаки, Маск најави воведување на златни и сиви ознаки на Твитер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, најави дека од следниот петок на оваа социјална платформа ќе воведе златни и сиви ознаки, покрај стандардните сини.

„Златните ознаки ќе бидат за компаниите, сивите за владите, додека сините ознаки ќе бидат за поединци (без разлика дали се познати или не)“, напиша Маск на својот профил на Твитер.

Тој исто така додаде дека сите сметки ќе бидат темелно проверени пред да добијат ознака. „Поединците ќе можат да додадат мало лого до знакот за проверка што ќе покаже на која организација припаѓаат, но само ако организацијата претходно го одобри тоа“, рече Маск, додавајќи дека следната недела ќе открие повеќе детали.

Твитер неодамна го одложи воведувањето на сината ознака, кој требаше да стане достапен за сите корисници за 8 долари месечно. Најавено е дека новите сини ознаки повторно ќе бидат достапни од 29 ноември.

Воведувањето на новиот модел сини ознаки беше одложено поради огромниот број на лажни сметки, од кои некои го имитираат и Маск. Синиот знак порано беше прашање на престиж, а можеа да го добијат само проверени сметки и сметки на политичари, познати личности, новинари и други јавни личности.