Провокација на бугарскиот пратеник Костадинов во Скопје: „Македонија е втора бугарска држава“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија е втора бугарска држава, рече во својата контроверзна изјава бугарскиот пратеник Костадин Костадинов на отворањето на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје.

Кажа дека треба да бидеме една држава, која ќе се протега од Црното Море до Охридското Езеро.

Новинарот Матеја Петровски го збуни бугарскиот пратеник Костадин Костадинов кој денеска во Скопје кажа дека Македонците и Бугарите се ист народ.

Ако сме ист народ, новинарот го праша дали тој е Македонец. На ова бугарскиот пратеник кажа дека тоа е исто, но потоа тој го праша новинарот дали може да се каже за него дека тој е Бугарин, на што новинарот одговори дека тој е Македонец.

Реакција на МНР

Министерството за надворешни работи ги осудува иредентистичките изјави кои содржат и територијални претензии кон Република Македонија изкажани јавно и повеќе пати од страна на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија, Преродба, Костадин Костадинов.

„Фактот што овие изјави се повторуваат, овојпат и во Скопје и тоа на значаен и за двете страни симболичен повод, отворање на нови канцеларии на Културно-информативниот центар како и во пресрет на Бизнис форумот меѓу Северна Македонија и Бугарија, не можеме, а да не ги толкуваме како обиди за минирање на силните напори на двете Влади за унапредување на соработката и како организирана провокација, која треба да биде осудена од сите проевропски политички структури и институции во двете држави“, се наведува во соопштението на МНР.