Велшкиот голман направи глупост за црвен картон – Иран „го реши“ Велс со 2:0


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иран запиша голема победа над Велс од 2:0 и ги направи работите во групата исклучително интересни во пресрет на третото коло.

Велс влезе како фаворит во овој дуел, но Иран од самиот старт покажа дека не е дојден со кренато бело знаме. Иранците во 15-та минута постигнаа гол, кој беше поништен поради офсајд.

До крајот на полувремето гледавме израмнет дуел, без големи шанси на двете страни и без голови.

Во вториот дел Иран беше подобар противник, ја контролираше играта, додека Велс спорадично се закануваше поради контранапади.

Во 86-та минута го видовме првиот црвен картон на Мундијалот, кога голманот на Велс Хенеси остро стартуваше надвор од казнетиот простор над Тереми.

Во последната минута од судиското продолжение Иран конечно успеа да ја искористи бројчаната предност со фантастичниот гол на Чешми од триесетина метри, а во 100-та минута Резајан ги постави конечните 2:0.