Најголемата руска банка Сбербанк информираше дека се повлекува од европскиот пазар. Причина за нејзината ваква одлука е тоа што е погодена од огромни финансиски санкции воведени поради руската инвазија врз Украина. Имено, филијалите на банката се повлекуваат затоа што имаат невообичаен одлив на средства, а закани добивале и вработените во банката.