Падодобранските единици на Русија слетаа во Харков – војната е во тек (фото и снимки)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И денеска продолжуваат руските напади врз украинските градови. Во последните 24 часа во Харков загинаа над 20 лица, а над 100 се ранети во гранатирањето на руските сили, соопштија украинските власти, пренесува Ројтерс.

Руски војници слетаа со падобрани во Харков, со што го интензивираа нападот на вториот по големина град во Украина, каде што вчера беа убиени десетици цивили во бомбардирања.

Во рацете на руските сили падна и помалиот јужен град Керсон, соопштија локалните украински власти. Руските сили, кои ги контролираат приодите кон градот, во текот на ноќта ја презедоа контролата врз железничката станица и пристаништето, изјави градоначалникот Игор Колихаев.

Ноќта продолжија нападите врз Харков и предградијата на Киев. Во текот на вечерта беше ракетиран Житомир, а ракетите, како што соопшти Украина, наместо во соседниот аеродром, погодиле куќи, при што загинале четири лица, меѓу кои и едно дете.

Харков, град со 1,4 милиони жители во близина на границата со Русија, беше цел на неколку бомбашки напади во вторникот, при што според локалните власти загинале најмалку 10 луѓе, а повеќе од 20 беа повредени.

Руските воздухопловни сили слетаа во Харков во текот на ноќта, соопшти украинската армија, додавајќи дека се борат во тој град на истокот на земјата.

„Руските воздушно-десантни сили слетаа во Харков. Нападнаа локална болница. Во тек се борби меѓу напаѓачите и Украинците“, соопштија утрово украинските вооружени сили.

Во Мариупол, пристаниште на Азовско Море, повеќе од 100 луѓе се повредени во рускиот напад, објави градоначалникот на градот, Вадим Бојченко, пренесоа украинските медиуми.

Украинското Министерство за одбрана во текот на ноќта соопшти дека стравува од напад од Белорусија.

„Белоруските сили се ставени во состојба на готовност и се наоѓаат во зони во близина на границата со Украина“, соопшти Министерството, додавајќи дека „ракетните напади врз воени и цивилни цели“ во Украина биле „систематски“ лансирани од белоруска територија од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Повеќе од 600.000 луѓе ја напуштиле Украина досега, соопштија Обединетите нации.

Боинг и Еконмобил станаа најновите западни компании што ги прекинаа врските со Русија.

Во меѓувреме, Белорусија, руски сојузник, ги удвои своите војници на северната граница на Украина. Руските сили на север маршираат кон Киев.