Георгина убедува дека сама си ги заработила милионите – еве, да речеме дека сакаме да ѝ веруваме


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако нејзината документарна серија стана хит на Нетфликс, партнерката на славниот фудбалски ас Кристиано Роналдо, заводливата Георгина Родригез се најде на мета на бројните критичари, но и членовите на нејзиното семејство.

Ја критикуваат и обвинуваат дека е со Кристиано Роналдо поради неговото богатство, а сега за тоа проговори во интервју за шпанското издание на Форбс.

Таа вели дека сама го создала своето богатство и дека е горда на својата кариера.

„Точно е дека работите ми се подобрија во последните години, но исто така работев напорно и знаев како да го искористам своето време и социјалните мрежи. Понекогаш на погрден начин ме нарекуваат „партнер“, но тоа не е така, не ме повредува“, вели Георгина за Форбс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Манекенката и инфлуенсерка, која на Инстаграм ја следат повеќе од 35 милиони луѓе, вели дека не сака да зборува за своите милиони на сметката.

„Кога се парите во прашање, мора да ми простите, но не зборувам за тоа колку милиони има на мојата банкарска сметка“, вели таа.

Таа признава дека љубовната врска со Роналдо и` нуди многу можности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Пресреќна сум што мојот партнер е Кристиано Роналдо, вљубена сум во него и навистина сум среќна поради тоа. Многу сум свесна дека тоа што сум негова девојка ми нуди многу можности, но работев напорно и го заработив она што е во банка на мојата сметка“, вели Георгина, додавајќи:

„Горда сум на мојата работа и на тоа како ја водам мојата кариера. Постигнав баланс помеѓу професионалниот, приватниот и семејниот живот.“