Почина Живко Пандев, газдата на градежната фирма „Жикол“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Струмичкиот бизнисмен Живко Пандев, познат како сопственик на градежната компанија „Жикол“ почина денеска во раните утрински часови. Веста ја објави неговата ќерка Елена Пандева, сопственичка на модниот бренд „Елена Лука“.

-Со длабока и неизмерна тага ве известуваме дека во раните утрински часови нѐ напушти почитуваниот основач и сопственик на градежната компанија „Жикол“, г-от Живко Пандев.

Телото ќе биде изложено во Капелата во Струмица во 11часот, а погребот е од 13 часот, информира Пандева.