Денеска во македонското Собрание треба да се одржи 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот. …