148 нови случаи на Ковид-19 и едно починато лице во последните 24 часа во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19 од направени 1.261 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (148), регистрирани се 40 реинфекции.

Најголем број од новите позитивни случаи се регистрирани во Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по 5, Тетово – 4, Кичево – 3, Велес и Неготино – по 2, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка, Пробиштип и Богданци – по 1.

Се зголемува бројот на позитивни на ковид, но не и на хоспитализирани и починати
Регистрирани сe 45 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Скопје (84г), починат на ден 27.06.2022 во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 313.856, бројот на оздравени пациенти е 303.783, на починати е 9.323, а бројот на активни случаи изнесува 750.

Претходно од Комисијата за спречување на заразни болести информираа дека има зголемување за 65,8 отсто на бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос на минатата недела, но нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи.