Светот беспомошно гледа додека трупите на Башар ал Асад освојуваат сѐ повеќе делови од градот Алепо. Од бастионот на бунтовниците повторно бегаат илјадници луѓе. Повеќе од 16.000 цивили побегнаа во последните неколку дена од источно Алепо под контрола на бунтовниците во други градови, изјави денеска шефот на хуманитарната операција на ОН, Стивен О Брајан, со оценка дека ситуацијата е „алармантна“. …