И петок ќе го започнеме со релативно студено утро. Минималната температура ќе има вредност помеѓу -4°С и -8°С низ котлините, и околу -10°С на повисоките места. Денот ќе биде генерално сончев. Облачност ќе има претпладне повеќе во северните и источните краишта, а попладне повеќе во јужните делови од земјата. Сепак, некоја особена шанса за врнежи од оваа облачност нема. Ветерот …