Home Спорт Видео: Драма меѓу Клиперси и Портланд, шоу на Драгиќ против Вашингтон

Видео: Драма меѓу Клиперси и Портланд, шоу на Драгиќ против Вашингтон

Кошаркарите на ЛА Клиперс славеа над Портланд 121:120 во најдраматичниот меч одигран изминатата ноќ во НБА лигата.

Клиперси имаат 17 победи од почетокот на сезоната, а Портланд го забележа 13-от пораз. Блејк Грифин постигна 26 поени, а Крис Пол имаше учинок од 21 поен и 14 асистенции во победничкиот тим, додека Си Џеј Мекалум и Демијан Лилард со 25, односно 24 поени го предводеа тимот од Орегон.

Горан Драгиќ постигна 34 поени, а Хасан Вајтсајд имаше учинок од 17 поени и 16 скокови во триумфот на Мајми над Вашингтон 112:101. Во тимот од престолнината на САД се истакнаа Џон Вол со 30 и Бредли Бил со 29 поени.

Резултати:
Мајами – Вашинготон 112-101,
Индијана – Шарлот 110-94,
Торонто – Милвоки 122-100,
Хјустон – Бруклин 122-118,
ЛА клиперс – Портланд 121-120,
Сакраменто – ЛА лејкерс 116-92.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…