Американскиот режисер Дејвид Линч, автор на филмските хитови Blue Velvet, Eraserhead и Mulholland Drive, за весникот „Сандеј Морнинг Хеларлд“ потврди дека веќе нема да снима филмови, пренесува „Индепендент“. „Работите многу се променија. Голем број филмови што можат да се сметаат за квалитетни не успеаја да остварат солидна заработка на кино благајните, а филмовите што се покажаа успешни не се тоа …