ОЈО одреди уште еден куќен притвор и одземање пасош за учество во насилствата во Собранието


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


До Основното јавно обвинителство Скопје пристигнаа две нови кривични пријави поднесени од Министерството за внатрешни работи против две лица за сторено кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од Кривичниот законик.

За едното лице, надлежен јавен обвинител по прибирање на доказите ја утврди дадената правна квалификација. Со оглед на обемната медицинска документација за здравствената состојба на осомничениот, јавниот обвинител кој постапува во предметот предложи до судија на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје определување на Мерки на претпазливост. Со Решение на судот, на лицето му се определени мерки за претпазливост и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште, Одземање на патна исправа, Забрана за приближување на место каде се одржува протест во растојание од 500 метри и Забрана за приближување на лицата кои евидираат како оштетени од овој настан.

За другото лице за кое е поднесена кривичната пријава, Основното јавно обвинителство Скопје ценејќи ги доказите, засега ја прифати правната квалификација за сторено кривично дело. Ценејќи дека постојат законски основи, надлежен обвинител до судија на предходна постапка достави предлог за определување на мерка на обезбедување. Судот со Решение на осомничениот му определи мерка Куќен притвор со времетраење од 8 дена.