Австралискиот астроном Дејвид Финли (44) на небото над Нов Јужен Велс сними појава на повеќе т.н. „црвени молњи“, што претставува навистина редок феномен. „Ја наместив камерата и буквално за неколку минути небото го опсипаа црвени молњи. Не можев да поверувам. Мислев, ќе имам среќа ако снимам барем една, а тие само паѓаа“, раскажува Финли. „Црвените молњи“ претставуваат атмосферско електрично празнење …