Цар: Графички го изработи нејзиното омилено место и ја запроси во виртуелна реалност


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


25-годишниот Австралиец Алекс Лацковиќ посвети неколку месеци во графички дизајн на среќното и омилено место од својата девојка која ја запроси во виртуелна реалност.

На посебната игра тој работеше заедно со 15 експерти од таа област во Мелбурн, а на запросувањето присуствуваа членови од семејствата и пријатели кои Кели не можеше да ги види додека не го симне визирот за виртуелна реалност.

На сето тоа му претходеше игра која вклучуваше бркање, криење и пукање во зомби, а потоа графиката одеднаш се промени и ја одведе Кели во нејзиното место од детството во Јужна Африка.

„Да се сите како неа, светот би бил прекрасно место. Знаев дека ќе ја оженам уште откако ја запознав. Дојдов на идеја да ја побарам за сопруга во виртуелна реалност и се надевав дека ќе рече ДА“, објаснува Алекс.

Играта ја дизајнираше со помош на тимот од Zero Latency и нејзиното семејство кое му позајмило фотографии од местото во Јужна Африка, каде живееле бабата и дедото од Кели.

„Се изненадив кога видов колку е сè реално пренесено и сите детали беа совршени“, вели тој.

Кели воопшто не ни насетувала што ќе се случи. Се зачуди кога во играта исчезнаа нејзините пријатели, зомбите и оружјето.

„Си помислив дека е некоја грешка. Бев збунета“, признава таа.

Кели воодушевено кажа ДА кога го изваде визирот за виртуелна реалност и ги виде насмеаните и среќни лица од своите најблиски.