Поштарот ѕвони на вратата на еден стан. Отвора 10 годишно момче по бањарка, со пура во устата и чаша виски во раката. Поштарот, видно намуртен, прашува: Дете, родителите дома ли ти се? Малиот прави драматична пауза и одговара: А ти што мислиш?!
Поштарот ѕвони на вратата на еден стан. Отвора 10 годишно момче по бањарка, со пура во устата и чаша виски во раката. Поштарот, видно намуртен, прашува: Дете, родителите дома ли ти се? Малиот прави драматична пауза и одговара: А ти што мислиш?!
„Ако сте во брак или во врска на која сте целосно посветени и имате сомнеж дека вашиот партнер ве изневерува, големината на шансите дека сте во право изнесува 80%“, вели Дејвид Кинг, директор во компанијата за откривање неверства, Lipstick Investigations. Тој вели дека нивните мисли навидум изгледаат чудни и неисправни, но секогаш се испоставило дека во суштина имало некоја причина …
Британското Министерство за внатрешни работи ги предупредува граѓаните на ЕУ кои се во центрите за задржување дека треба да ја напуштат Велика Британија, за да „избегне да не се претворат во проаднати и сиромашни”, пишува „Гардијан”. Весникот коментираше дека владата го зајакна својот тон кон граѓаните на ЕУ. Во писмото на Владата, напишано од името на министерот за внатрешни работи, …
Управата за заштита на културното наследство ќе го претстави домашното културно наследство на 23. Меѓународен саем за културно наследство, кој од 2-ри до 5 ноември ќе се одржува во престижниот музеј Лувр во Париз. Ова е трето претставување на македонското културно наследство на овој саем. Тема на годинашното саемско издание е „Културното наследство и туризмот“. Управата соопшти дека на македонскиот …
Замрзнување на придонесите, бараат текстилците. За сите работници кои имаат плата од 12 до 18.000 денари, здружението за текстил бара да се плаќаат фиксни придонеси од 5130 денари. Бараат мерката да важи три години, а ќе придонесе да се зголемат платите на работниците, а со тоа и просечната во државата, но и ќе се искорени иплаќањето плата во кеш. Со …
Во Македонија ќе биде сончево и студено со ниски утрински температури. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието. Температурата ќе се движи од седум до 14 степени. Во Скопје ќе биде сончево и студено со ниски утрински температури. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 12 степени.
Бар во околината на Тел Авив воведе т.н. „крвав час“, односно попуст од 25 отсто за секоја припадничка на понежниот пол, која е во месечен циклус. Авторите на иницијативата, Моран Барир и Дана Етгар велат дека жените вкупно четвртина од својот живот го минуваат во менструација, па го заслужуваат барем тој попуст за една вечер. За почеток, попустот од 25 …
Не дека примероците од најпознатиот бренд на часовници вообичаено се евтини, па овој е исклучок, но во случајот со овој часовник приказната на истиот му ја дава „тежината“ поради која достигна толку вртоглава цена на аукциско наддавање. Рачен часовник од марката „Ролекс“, што му припаѓал на холивудскиот актер Пол Њумен, беше продаден на аукција во Њујорк за речиси 18 милиони …
Шестата сезона од популарната серија Куќа од карти ќе биде последна, објавија од Нетфликс по обвинувањата за сексуално вознемирување против ѕвездата на серијата, Кевин Спејси. Од Нетфликс соопштија дека оваа одлука била донесена уште пред неколку месеци, но објавена е на неполни 24 часа по обвинувањето на глумецот Ентони Рап дека Кевин Спејси сексуално го вознемирувал. Спејси изјави дека не …
По двомесечен молк, проговорија банките кредитори на металуршкиот гигант од Кавадарци, Фени индустри. Нивниот последен збор е стечај за фабриката поради долг од 40 милиони евра кон Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје, како и долг од дополнителни 20 милиони евра кон други доверители на „Фени“, пренесува Макфакс. Два месеца 850 вработени …
“`html Доколку постои десерт кој во моментов доминира на фидовите на Инстаграм и ТикТок, …